Касандра Вентура сведочеше пред судот и откри за страшните работи кои Шон Комбс ѝ ги правел, раперот ја злоставувал физички и сексуално

од Љубиша Владимиров
97 прегледи

Поранешната партнерка на познатиот рапер Шон Комбс, познат како Паф Диди, Касандра Вентура (38), сведочеше пред судот во Њујорк, објаснувајќи како била злоставувана од него. Ова е дел од случајот кој започнал во ноември 2023 година, кога Вентура го тужела Комбс, обвинувајќи го за физичко и сексуално насилство кое траело со години.

Комбс е обвинет за трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација, криминално заговарање, рекетирање и транспорт на лица за проституција. Вентура, која била во врска со него околу 10 години, изјави дека Комбс ја злоставувал физички и сексуално. Таа раскажа дека му наредувал да има сексуални односи со машки проститутки додека тој ги гледал и снимал. Еден од инцидентите, кој беше претставен на суд, вклучувал момент кога Комбс го натерал нејзиниот придружник да „мокри“ во устата на Кеси. Вентура изјави дека често биле во жестоки тепачки, при што Комбс ја удрирал и ја влечел. Таа спомена дека имала црвени очи и модринки по телото. За време на своето сведочење, таа била емотивна и неколку пати паузирала за да ја санира болката од сеќавањата на насилството.

Таа раскажа дека во почетокот на нивната врска, Комбс предложил да имаат сексуални односи со трето лице. Таа вели дека се наоѓала во ситуација кога не можела да ги контролира нештата, бидејќи Комбс имал големо влијание врз нејзиниот живот и кариера. Вентура го опиша како човек кој имал многу лица и кој ја контролирал. Таа раскажа и за првиот пат кога се впуштила во сексуална врска со него, на брод во Мајами, каде што тој ѝ дал екстази. Вентура ја опиша нивната прва година како забавна, но со текот на времето, врската станала сè по-тешка, полна со психолошко и физичко злоставување.

Во судската расправа, таа исто така спомена дека Комбс и ја попречил кариерата, како и дека одлучил да не ѝ го издаде вториот албум, иако снимала стотици песни. Вентура спомена и лица од околината на Диди, кои според неа ја поддржувале насилничката пракса. Ова сведочење предизвика големо внимание, и ќе продолжи да се следи како дел од тековниот судски процес против Шон Комбс.

Слични содржини