Каша со овошје и темно чоколадо

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Здрав појадок кој лесно се подготвува.

Состојки:

– 3 лажици овесни снегулки

– 2 дл млеко

-1,5 лажици сечкано темно чоколадо

– мелени ореви

– сечкано јаболко

– суво грозје

– 1/2 банана, по желба

– мед

Подготовка:

Сварете го млекото и додадете ги овесните снегулки, па мешајте додека смесата не се згусне.

Додадете сечкана чоколада и мелени ореви.

Додадете сечкано јаболко и суво грозје, банана по желба и прелијте се со мед.

Слични содржини