Кашиковски: Сите скопски претпријатија пред изборите се оставени во долгови

Сите претпријатија во Скопје за жал, пред изборите, се оставени во долгови, без оперативен кадар и без обновени технички средства или опрема за работа, информира Кашиковски

од Бисера Трајковска
46 прегледи Фото: Локално

Сите претпријатија во Скопје за жал, пред изборите, се оставени во долгови, без оперативен кадар и без обновени технички средства или опрема за работа, потенцираше претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално- станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија, Стојанче Кашиковски, на денешната прес-конференција, одговорајќи на новинарско прашање.

Тој напомена дека во моментов нема претпријатие кое што е без долг.

-По некои мои информации, сите јавни комунални претпријатија на територија на град Скопје се во огромни долгови, додаде Кашиковски.

Прашан во какви услови во моментов е ЈП „Водовод и канализација“, Кашиковски одговори дека во ова претпријатие не недостасува опрема, недостасува оперативен кадар. Тој информираше дека во изминативе две и пол години, претпријатието по разни основи го напуштиле некаде околу 280 вработени, најмногу поради ниските плати.

– Во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во изминативе две и пол години, претпријатието по разни основи го напуштија некаде околу 280 вработени. За жал, морам да потенцирам дека поголемиот дел од нив, покрај оние кои што ги исполнуваат условите за редовно пензионирање, го напуштија претпријатието поради ниските плати.  Во моментот за останатите претпријатија немаме официјални бројки, но може да се обезбедат, додаде Кашиковски.

Б.Т.