Јапонската марка ќе се соочи со “Епл” и ќе пушти на пазарот свој смарт-часовник.
“Касио” ќе развие рачен часовник, кој ќе биде удобен и ќе трае долго при употреба, пишува сајтот “Лакшари дејли”. Се очекува уредот да биде ставен на пазарот во САД и Јапонија во 2016 година. Цената на еден најверојатно ќе биде околу 400 долари.
“Се обидуваме да го донесеме смарт-часовникот до совршенство – тоа ќе е апарат кој нема да се крши лесно ќе се носи без проблеми и корисникот ќе се чувствува добро со него”, изјави претседателот на “Касио” Казухиро Кашин.