Каспаров предвидува пуч во Русија поради војната во Украина

од Vladimir Zorba
244 прегледи

Легендарниот руски шахист, Гери Каспаров објасни што може да доведе до соборување на Владимир Путин од неговиот близок круг со „пуч во палатата“.

Новинарката на Си-Ен-Ен, Пола Рид, го прашува долгогодишниот критичар на рускиот претседател дали очекува зголемување на критиките кон Кремљ во Русија поради неуспешната инвазија на Украина.

„На крајот, да“, одговори Каспаров, велемајстор на поранешниот Советски Сојуз и Русија.

Тој потоа постави „низа потези кои се неповратни“.

„Прво, руското општество и руската елита мора да сфатат дека војната е изгубена“, рече Каспаров. „Лошите вести од Украина ќе инспирираат повеќе луѓе да се кренат бидејќи економските тешкотии ќе се зголемат. Значи, воен пораз во Украина, социо-економски бунт и имаме соодветни услови за пуч во палатата“, предвиде Каспаров.

„Многу од најблискиот круг на Путин ќе бараат жртвено јагне, а диктаторот секогаш е виновен за сите неуспеси. Путин знае дека губењето на војната во Украина не е опција за него“, рече тој.

„Тоа е прашање на политички опстанок, а во многу случаи и физички опстанок. Затоа мора да се преправа дека ја добива војната“, додава шахистот.

Слични содржини