Кастрација за силувачите: Нов закон во Пакистан

од Nikola Popovski
301 прегледи

Пакистан воведе закон кој предвидува хемиска кастрација и побрзо судење како можна казна за сериските силувачи, изјави пакистанскиот владин претставник Вакар Хусаин.

Според него, Собранието во средата го усвои законот и тој веднаш стапи на сила.

Пакистанскиот премиер Имран Кан минатата година изјави дека сака да воведе казни по зголемениот број на сексуални злосторства во земјата и по случајот на мајка на две деца, која две лица ја извлекле од автомобил и ја силувале под закана на огнено оружје.

Хемиската кастрација, која се врши со помош на лекови, веќе се практикува во Полска, Јужна Кореја, Чешка и некои американски држави, наведува Ројтерс.

Невладината организација „Војна против силувањето“ наведува дека помалку од три отсто од силувачите ќе бидат осудени пред пакистанските судови.

Слични содржини