Катар испорача 20 тони храна за Авганистан

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Нов катарски авион со хуманитарна помош за Авганистан пристигна на аеродромот во Кабул.

Министерството за надворешни работи на Катар објави дека новиот контингент помош е обезбеден од организацијата „Катар черити“, во соработка со Фондот за развој на Катар, пренесе Анадолија.

Во соопштението се наведува дека најновата пратка содржела 20 тони помош во храна, и дека надлежните органи во Авганистан веќе започнале со дистрибуција на помош на луѓето на кои им е потребна.

Катар досега испрати вкупно 138 тони медицинска и хуманитарна помош во Авганистан.

Слични содржини