Катар: Израел и Хамас не се ни блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа

од Vladimir Zorba

Израел и Хамас не се ни блиску до договор за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците, изјави денеска портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџид ал Ансари, предупредувајќи дека ситуацијата се уште е „многу комплицирана. “.

И покрај повеќенеделните разговори во кои учествуваа американски, катарски и египетски посредници, светиот муслимански месец Рамазан започна во понеделникот без примирје или размена на затвореници, пренесе „Ал Џезира“.

„Ние не сме ни блиску до договор, што значи дека не гледаме како двете страни се приближуваат до опциите што би можеле да го решат сегашното несогласување околу спроведувањето на договорот“, рече ал-Ансари, потврдувајќи дека сите страни продолжуваат да работат за постигнување договор додека трае Рамазан.

Според него, целта на доверливиот посредник во овој случај е да изврши притисок врз Хамас.

Слични содржини