Катар ќе почне да испорачува течен природен гас за Германија во 2024 година

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Катар се надева дека ќе започне да испраќа течен природен гас (LNG) во Германија во 2024 година, изјави денеска за германскиот весник Handelsblatt заменик-премиерот на Катар Шеик Мохамед бин Абдулрахман Ал-Тани.

„Сакаме да ја подготвиме нашата американска фабрика за течен природен гас Golden Pass во Тексас, во која Qatar Energy има 70 отсто од акциите, за испораки во Германија во 2024 година“, рече вицепремиерот на Катар, кој е и министер за надворешни работи на Катар, цитиран од Ројтерс.

Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска треба да разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин по тоа прашање.

Слични содржини