Катастар ќе ги намали цените на услугите

од Илинка Илиоска
40 прегледи

Катастарските услуги поевтинуваат шест и повеќе пати за граѓаните, најавија директорот на катастарот Иван Живковски и премиерот Христијан Мицкоски. Ова намалување ќе важи 10 дена откако ќе биде донесен новиот изменет Тарифник.

– Доколку купите нов стан со гаражно место вие ќе треба да платите 4 пати по 1.250 денари, за имотен лист, за земјиштето под зградата, за заедничките простории и 1.250 денари за гаражното место. Ние предлагаме за една катастарска општина по правен основ вкупниот износ да изнесува во една единствена цена 1.250 денари. Овој тарифник ќе важи и за наследство и подарок. Доколку некое лице купи повеќе недвижнини, ова намалување ќе биде пониско со 6 отсто – рече Живковски.

Живковски рече дека кога дошол во катастарот затекнал состојба на заглавени 5.500 предмети. Од нив, по доаѓањето на новото раководство се завршени 2.200.

– Катастарот полека се ослободува од криминалот. Тоа го покажуваат заглавените предмети кои се решаваат, а кои директорот не кажува дека биле предмет на корупција. Многу интересни имиња се јавуваат овде, но да почекаме да обезбедиме докази за да ја информираме јавноста. Мораме корупцијата да ја искорениме и да ја исчистиме Македонија од криминалот од секаде во земјава – рече Мицкоски.

Слични содржини