Катастрофа во Германија: Пукнаа две брани, загрозени се околу 85.000 луѓе од поплави

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Областа Пфафенхофен е само една од единаесетте области во Баварија кои прогласија состојба на катастрофа поради невидени поплави во областа.

Како што пренесуваат германските медиуми повикувајќи се на извештајот на ДПА, во неделата пукнале две брани во областа Пфафенхофен, а во поплавата се удавил 42-годишен пожарникар.

Пожарникарот бил во гумен чамец со уште тројца спасувачи доцна во саботата кога бродот се превртел во баварскиот град Фафенхофен ан дер Илм, околу 40 километри северно од Минхен. Неговото тело е пронајдено во неделата наутро, соопштија локалните власти.

Како што пишува Bayerischer Rundfunk, околу 85.000 од вкупно 130.000 жители на тој округ се „во акутна итна ситуација“.

Според БИЛД, стотици, ако не и илјадници луѓе морале да бидат евакуирани или доброволно да ги напуштат своите домови.

„Солидарноста во областа е огромна. Околу 5.000 луѓе, вклучително и многу волонтери, им помагаат на сиромашните“, изјави портпаролот на областа Пфафенхофен.

Веб-страницата на тој баварски округ падна поради преголемиот сообраќај на таа страница, каде луѓето бараат информации за ситуацијата на теренот, пишува „Феникс магазин“.

Поради упад на вода во трафостаницата во Рајхертхофен, постои можност за краток прекин во снабдувањето со електрична енергија и прекин на мобилната мрежа.

Слични содржини