Катастрофалната несреќа на Tesla Cybertruck: Се заглави меѓу ѕид и дрво и се запали…

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Три лица загинаа, а уште едно е во болница по несреќата на Tesla Cybertruck во Пиемонт, Калифорнија во средата рано наутро. Пик-апот излетал од патот и се заглавил меѓу дрво и ѕид пред да се запали, јавува ABC News.

СОС-повикот од пикапот ги алармирал службите за итна помош за несреќата, а полицијата вели дека кратко време подоцна друг автомобил застанал на местото на настанот и возачот успеал да извлече едно лице од Cybertruck. Ова лице е пренесено во болница, но не се знае неговата состојба. Кога полицајците пристигнале на местото на настанот, остатоците од пик-апот веќе биле зафатени од пламен.

Засега не е позната причината за несреќата и катастрофалниот пожар што следел. Ова е трета фатална несреќа во која учествуваше Tesla Cybertruck оваа година. Американските власти особено истражуваат една од тие несреќи за да се обидат да утврдат што ја предизвикало несреќата и зошто толку брзо се запалило масивното возило…

Слични содржини