По Шведска сега и Австрија го ограничува влезот на бегалци. Ако Германија исто го следи овој пример, катастрофата во балканскиот правец станува неизбежна, анализира DW.
Австрија повлекува резервна сопирачка и воведува горна граница за прием на бегалци. Сепак, ова е само политичка козметика. Многу поважно е дека истовремено Австрија ја затега граничната контрола на границата со Словенија. Сите баратели на азил, кои сакаат да го продолжат своето патување кон Австрија или Германија, ќе бидат регистрирани и контролирани на нов начин. Ќе бидат пропуштани само бегалците кои сакаат да влезат во Австрија или Германија. Другите кои сакаат да продолжат кон Шведска или Данска, ќе бидат вратени назад.
Денес никој не знае дали овие мерки ќе доведат до ограничување на бројот на бегалците и мигрантите до дозволената горна граница. Дури и австрискиот канцелар Вернер Фејман. Засилените гранични контроли сепак имаат двоен ефект. Од една страна, тие носат некое внатрешно олеснување за големата коалиција на Фајман од социјалдемократите и конзервативците, бидејќи мнозинството Австријци сака да се стави крај на “културата на гостопримството”. Од друга страна, зголеменото враќање на бегалци во границите на другите земји во балканскиот правец ќе се стави под засилен притисок пред сè првоприемните земји како Грција и Италија. Австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц смета дека тие треба да бидат принудени да ги чуваат подобро надворешните граници на ЕУ, за да се одвраќаат бегалците. Во оваа имиграциска политика сепак има еден камен на сопнување, бидејќи обидите кризата да биде префрлена на другите земји, очигледно е пред неуспех.
Нафтата и натаму ќе паѓа
Германија исто така, сака да воведе горна граница
Со причина Австрија може да се повика на фактот дека Шведска веќе не прифаќа бегалци, а Германија враќа бегалци во Баварско-австриската граница. Австрискиот канцелар Фајман ги договори граничните контроли и воведување на спорната горна граница со федералната канцеларка Ангела Меркел. Односно Ангела Меркел, која е изложена на остра критика за миграциската политика во сопствените редови, нема ништо против австриската горна граница за прием на бегалци. Сигурно нема да трае долго, додека и таа го смени курсот на својата политика. Конечно може да го усогласи аргументот дека Германија не може да се справи сама со предизвиците.
Шведска веќе се откажа. Австрија е на пат да ја следат. И во целата длабоко несолидарна ЕУ останува една значајна приемна страна – Германија. Ангела Меркел нема да може да издржи долго. И ако за два месеци не бидат означени забележливи успеси во соработката со Турција за ограничување на бегалскиот поток и распределбата на бегалците на европско ниво, Германија ќе го следи австрискиот модел. Големата коалиција во Германија нема да го нарече ограничувањето на внесот на бегалци “горна граница”, бидејќи ЦСУ премногу гласно го користи овој концепт. Веројатно ќе ја нарече целна или препорачаната граница, за да звучи безопасно.
Претседавачот на ЕУ Марк Руте веќе зборува за план Б, ако не проработи системот на тн. “жешки точки” за прераспределба на бегалците и обезбедување на надворешните граници. Оваа цел едвај ќе биде постигната во определениот рок од два месеца поради споровите меѓу државите и владите на земјите-членки.
Намерен хаос меѓу Грција и Австрија?
Што ќе стане балканскиот правец, ако Германија го следи примерот на Австрија и го ограничи значително земањето на бегалци? Што ќе се случи и во границите на всушност слободната за движење Шенген зона? Во земјите од Западен Балкан и во Грција ќе се добијат огромни купишта на мигранти, луѓе кои бараат азил и бегалци. А тоа би била една неизбежно катастрофа за илјадници луѓе во центарот на Европа.
Србија веќе најави дека нема да пропушта повеќе бегалци. Политичарите од Шведска до Италија си прават сметката дека ограничувањата ќе ја направат ЕУ толку непривлечна што бегалците веќе нема да се обидуваат да стигнат до својата цел. Европа би капитулирала пред приливот и би ја загубила хуманоста и милосрдието . Внатре во ЕУ би бил воведена долготрајна и систематски гранична контрола на границите. Економските последици би биле огромни.
Горната граница за прием на бегалци не го реши проблемот, а го пренесува од центарот на Европа во периферијата каде доаѓаат бегалците. На прашањето што треба да се направи, ако горната граница биде надмине, австриската внатрешна министерка одговара: “Лежишта за интернација”. Значи ли тоа дека илјадници мажи, жени и деца треба да бидат затворени против нивна волја во кампови за интернација во границите на Европа?
Тоа не може да биде последен одговор на бегалското прашање. Дали навистина немаме подобар одговор?
