Минатата година Костарика се рангираше на првото место во листата на десетте најсреќни земји во светот .
Затоа, ако имате потреба да ги “наполните батериите” и да почувствувате вистинска среќа – размислете за одмор токму на ова прекрасно јужноамериканско краиште.
Ако пак освен позитивни емоции, барате и спокојство , имаме совршен предлог за вас. Хотелот Asclepios Wellness & Healing Retreat се наоѓа во Алахуела – една од седумте провинции во Коста Рика.
Тој им нуди на своите гости само 12 светли и пространи соби , како и разновидни терапии , комбинирајќи медицински традиции од различни делови на светот.
Среќните престојувачи во велнес хотелот во Костарика може да се радуваат и на јонизиран базен, фитнес центар и посебен катче за јога и медитација .
Луксузната оаза на мирот нуди уште и професионално советување во врска со исхраната на гостите спрема нивната крвна група. Храната пак се подготвува во биоресторанот кон хотелот.
Специјален тим од врвни спа терапевти и холистички лекари од целиот свет, исто така можат да бидат во помош на оние кои сакаат да ги искористат предностите на нивните услуги. Не на последно место – хотелот нуди разновидни програми за слабеење и такви, кои се борат со стресот .
На фотографиите може да погледнете во едно вистинско идеално катче на спокојството во Костарика.




