Поради зголемениот ризик од терористички напади, катедралата во Келн останува затворена за посетители, со исклучок на верниците кои влегуваат на миса.
-Влезот во катедралата од литургиски причини, како присуство на миса или исповед, ќе биде дозволен по полициска контрола. За други видови посети, катедралата останува затворена од безбедносни причини, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и архиепископијата на Келн.
Катедралата во Келн, најпосетуваната туристичка локација во Германија, останува затворена помеѓу Божиќ и Нова година кога катедралата обично ја посетуваат над 100 илјади туристи.
Келнскиот надбискуп Рајнер Марија Велки и се заблагодари на полицијата која, како што рече, се погрижила верниците во катедралата да можат без страв да го прослават Божиќ.
Безбедносните мерки беа воведени минатиот викенд поради сомневањата дека се подготвуваат терористички напади со исламистичка позадина врз катедралите во Келн и Виена.
Во врска со можните напади, во Германија е уапсено лице кое и претходно и било познато на полицијата како милитантен исламист.