Катерпилар го претстави првиот смартфон со вградена термална камера

од Vladimir Zorba
587 прегледи

Познатата главно со тешкa машинскa опрема компанија “Катерпилар” (Caterpillar) го претстави првиот паметен телефон со вградена термална камера, пишува “Индипендент”.cat-announces-s60-rugged-smartphone-with-integrated-flir-thermal-camera-777x437

Телефонот “Cat S60” беше прикажан на саемот “Mobile World Congress” во Барселона, при што уредот е заеднички развој на “Катерпилар” и производителот на камери “FLIR”.Оваа компанија веќе има развиено термални камери како дополнителен додаток за други мобилни телефони.

Термалната камера има постевено над стандардната леќа од 13 мегапиксели, леќа на задната страна на телефонот и може да дејствува на растојание од 30 метри. Со неа корисниците можат да ги разликуваат топлите и студени објекти на сликата. Од страните на екранот е достапен и термометар кој може да ја покаже точната температура на секој објект на сликата. Термалната камера може да прави слики и видео клипови.caterpillar-cat-s60-the-first-smartphone-in-the-world-with-a-thermal-camera-wovow.org-01

Освен што има вграден единствен додаток, телефонот на “Катерпилар” е најверојатно најцврстиот уред, прикажано на саемот во Барселона. Засиленото тело може да издржи пад од 1,8 метри на бетон и потопување во вода за 1 час на 5 метри длабочина.

Производот е насочен кон вообичаената целна група на компанијата – професионалци во областа на градежништвото и индустриското производство. Тачскринот може спокојно да се користи со мокри раце, а клучните копчиња се физички, а не вградени во екранот. Смартфонот е опремен со најновата верзија на оперативниот систем “Android Marshmallow”, осумјадрен процесор “Snapdragon 617”, 3 гигабајти RAM меморија, 3800-милиамперна батерија.9vP9lqj

“Cat S60” ќе се продава само во специјализираните дистрибутери на производи на “Катерпилар”. Појавата на пазарот претстои, а неговата цена ќе биде 699 долари во САД и 649 евра во Европа.