Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева најави нова прес конференција за денеска во 11 часот.

Во период од еден месец, ова е втора прес конференција на СЈО, по првата која се одржа на 12 февруари кога беше објавена акцијата под името „Титаник“, за дела поврзани со изборите. Во оваа акција осомничени се поранешните министри Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, а како што беше кажано, кривичните дела предвидуваат затворски казни од најмалку 3 години затвор. За сите нив СЈО побара притвор, но Судот го одби нивното барање.