Катругалос: Мицотакис ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот од Преспа

од Aleksandar Petrovski
353 прегледи

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од СИРИЗА и надлежен за надворешна политика Јоргос Катругалос ги поздравува изјавите за време на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас „за важноста на целосното и доследно почитување на Договорот од Преспа“ како и изјавата на пратеничката од Нова демократија, Дора Бакојани „која го повика Дендиас да преземе иницијативи за поддршка на договорот“, јави дописничката на МИА од Атина.

-Господинот Мицотакис, кој инвестираше во етно-популизмот и лицемерието, спротивставувајќи се на Договорот од Преспа, денес ги толерира оние кои говорат за поништување на Договорот, вели Катругалос и додава дека грчкиот премиер треба да ги објасни позициите на владата.

На вчерашната Комисија за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот Парламент, како што веќе објави МИА, шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас рече дека потребно е целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа и истакна дека Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија и Албанија, но очекува од двете соседни земји „да направат опипливи чекори напред во важните прашања“.

Слични содржини