Kавадарчанец присилувал малолетната девојка на проституција

од Берта Китинска

Кавадарчанец бил приведен вчера бидејќи малолетната девојка ја присилувал на проституција.

-Вчера полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.К.(19) од Кавадарци. Тој се сомничи дека ја присилил неговата малолетна девојка да им дава сексуални услуги на други лица. Лицето било приведено во полициска станица во Кавадарци и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Вчера исто така, полициски службеници од ОВР Неготино ги привеле Т.А.(42) и Б.М.(24) од кривопаланечко село затоа што на бензинска пумпа во Неготино го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од СВР Велес.

Слични содржини