Кавадарчанка купувала онлајн од туѓа дебитна картичка, потрошила повеќе од 300 евра

од Stefanija Kuzmanovska
458 прегледи

Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(38) од Кавадарци, поради сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

„Пријавената, на 16.10.2022 неовластено пристапила до мобилен телефон и, користејќи ја електронската дебитна картичка од оштетената, извршила нелегална онлајн трансакција од 21.000 денари“, соопшти МВР.

Слични содржини