Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев денеска ја примил делегацијата на Украина предводена од амбасадорката на Украина во Македонија Н.Е Лариса ДИР, која беше во официјална посета на Општина Кавадарци.
Меѓу присутните биле заменик градоначалникот на општина Буча, Шепетко Серхи, секретарот за јавна дипломатија од Украинската амбасада, Владимир Вербицки, раководителот на оддел за култура, националности и религии на Градскиот Совет на Буча, Виталии Томниук и претседателот на Здружението на украинци во Македонија, Александар Урбанович.
Во рамките на посетата, Општина Кавадарци потпишала официјален Договор за збратимување со Општина Буча, Украина.
Средбата покрај ова била искористена и за размена на информации за можностите за понатамошна соработка на различни полиња на делување на општината, како култура, спорт, бизнис и заедничко аплицирање на проекти, помеѓу градоначалниците на двете општини.