Чилеански граѓани шпионираат во Боливија под маската на новинари и работат за дестабилизирање на ситуацијата во земјата. Ова го изјави боливискиот претседател Ево Моралес.
“Чилеанците испратиле луѓе под маската на новинари во Ла Паз, за да не шпионираат и да откријат начин како да го ослабат Ево”, вели Моралес, цитиран од државната агенција ABI. Според Моралес, испратените шпиони сакаат особено “да ја поткопаат економијата на Боливија.”
Овие обвинувања беа упатени на позадината на новиот територијален спор меѓу двете земји. Во март Моралес изјави дека Сантијаго треба да плати на Ла Паз за користење на водите на реката Силала, бидејќи таа тргнува од Боливија и поминува на територијата на Чиле по вештачки канали. Чилеанските власти велат дека реката е меѓународна и не се обврзани да плаќаат ништо.
Лидерите ветија дека ќе ги намалат пречките за хуманитарните организации
Сега Ла Паз се обидува да постигне во Меѓународниот суд во Хаг враќање на излез на море, изгубени како резултат на Пацифичката војна (1879-1884). Во септември судот го отфрли барањето на Чиле за престанок на случајот за територијалниот спор со Боливија.
Во меѓувреме, околу 20 студенти упаднаа во претседателската палата во чилеанската престолнина Сантјаго, за да протестираат против образовната политика на владата.
Студентите преминаа преку главниот влез на официјалната резиденција на претседателот на Чиле – дворецот Ла Монеда, како туристи, со портокалови безбол капи и ранци. Потоа се упатија кон внатрешниот двор и подигнаа транспарент со натпис “Внимание! Денес започнува офанзива”. Обезбедувањето на дворецот се обиде да ги истурнат демонстрантите од палатата, многумина се спротавија.
“Денес, ние, чилеански студентите упаднавме во Ла Монеда, за да кажеме на претседателот и владата на Чиле, дека тие не успеаја”, изјави претставник на Конфедерацијата на чилеанските ученици (Confech).
Асошиетед прес соопшти дека во на протестната акција учествувале десетици студентите 19 лица се уапсени, а останатите успеале да избегаат.
Во декември минатата година, парламентот на Чиле, по долгите дискусии, усвои закон за бесплатно високо образование. Новата норма сепак беше воведена само оваа учебна година, која во Чиле почнува во март. Според податоците на Федерацијата на учениците од чилеанските универзитет, пристапот до бесплатно образование добиле само 14 отсто од студентите.

