Казахстан од 26 јануари го укинува неограничениот престој на Русите

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Од 26 јануари властите на Казахстан повеќе нема да дозволуваат неограничено време на престој на руските државјани и најавуваат воведување на т.н. визните контроли на секои три месеци, беше пропишано со новата директива на казахстанската влада објавена оваа недела.

Од 26 јануари граѓаните на Русија и граѓаните на другите земји-членки на Евроазиската економска унија ќе треба да ја напуштат територијата на Казахстан најмалку 90 дена по истекот на дозволениот тримесечен престој, пренесува „Ројтерс“.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан, кое ја предложи оваа промена, соопшти дека спроведувањето на оваа мерка ќе ѝ овозможи на земјата поголем степен на контрола врз имиграцијата.

Слични содржини