Со децении пицата останува омилена храна на милиони. Вкусна, достапна и заситувачка таа е совршено решение да го изгаснете гладот во стомакот. Нема да коментираме колку е калорична или како се подготвува, бидејќи тоа е јавна тајна, но ќе ви откриеме што издава вашата омилена пица за вашите желби во кревет.
Токму така, храната не само што издава дали сте лаком, туку и доста други карактеристики за вашата личност. Еве и до какви заклучоци стигна сајтот FemaleFirst:
Феферони – ако се одлучите за овој вид пица, тогаш вие сте мрзливи под покривката и оставате партнерот да ја заврши “тешката” работа.
Маргарита – сексуалниот живот не е особено интересен или кажано на друг начин тој е “ванила”. Вие не сакате да пробувате нови работи и љубовните искуства брзо се претворат во рутина.
Пица со многу месо – вие сакате да пробате од сè. Паѓате на експериментите и сте храбри сексуално.
Хавајска пица – имате егзотичен вкус и за вас сексот не е само “креветска гимнастика”, туку гозба на сетилата.Подготвени сте за љубовни авантури во секое време и често сакате да пробувате нови и нови места.
Вегетаријанска пица – љубители сте на стандардните работи во сексот и сте цврсто против секакви врзувања, камшици и крек. Не сакате во кревет да има никакви дејства кои можат да ви предизвикаат дури возбудувачка болка.
Пица со шунка и печурки – најблиски сте до балансот меѓу чаршафите. Склони сте да пробаувате нови работи, но понекогаш копнеете за традиционалниот мисионерски секс.
Пица без сосови и адитиви – преферирате сексот да биде максимално поедноставен. Не паѓате на секс играчки, ниту акробатски настапи во спалната соба. Минувате директно на акцијаи ги игнорирате сите оттргнувачки фактори.
Зачинета пица – од вас струјат феромони и сексапил и секогаш сте подготвени за секс, покрај тоа знаете како да го разгорите и партнерот! Постојано сте во потрага по нови начини да се прошири вашиот сексуален живот и да го направите поинтересен и зачинет.