243
Австралискиот суд му нареди на сопственикот на Facebook, Meta Platforms да плати казна во вкупна вредност од 20 милиони австралиски долари за собирање податоци за корисниците преку апликација која има намера да ја заштити приватноста без да ги открие своите постапки.
Федералниот суд на Австралија, исто така, ѝ нареди на Meta, преку своите подружници Facebook Israel и сега веќе непостоечката апликација Onavo, да плати 400.000 австралиски долари како правни трошоци на австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи, која покрена граѓанска тужба против Meta.