Во Австрија денеска стапи на сила законот за задолжителна вакцинација на возрасните.

Претседателот Александар ван дер Бален го потпиша Федералниот закон за задолжителна вакцинација против ковид 19 откако беше изгласан во Парламентот. Тоа е најстрогиот закон од ваков вид во Европа.

Во соседна Германија се уште се разговара за воведување задолжителна вакцинација, додека Италија и Грција ја воведоа примената на оваа мерка само за постарите граѓани.

Според овој закон, сите граѓани над 18 години мора да се вакцинираат, но има неколку исклучоци.

Во Австрија новите правила важат за сите жители на возраст од 18 и повеќе години, со исклучок на бремените жени и оние на кои не им е дозволено да се вакцинираат од здравствени причини.

Лицата кои неодамна имале коронавирус се исто така ослободени од вакцинација под одредени услови.

Проверките по случаен избор ќе почнат кон средината на март, а сите кои не се вакцинирани ќе бидат казнети со парична казна до 3.600 евра.

Австрија е првата земја во Европската унија која воведе задолжителна вакцинација против коронавирусот. Во моментов, 75% од граѓаните во Австрија се целосно вакцинирани.

Слични содржини