Казуо Хираи продолжува да го растура Сони

од Vladimir Zorba
97 прегледи
Кога Казуо Хираи ја презеде функцијата главен извршен директор на Сони во 2012 година, тој ја презентираше својата визија за компанија – реорганизирање на раздвоениот бизнис во „Уан Сони“. Но, токму пред една година, Хираи одлучи дека е подобро да го продаде брендот компјутери Вајо.
sony_logo_720
Оваа година тој продолжува да го растура Сони на парчиња, најавувајќи дека ќе го одвои аудио и видео бизнисот на Сони во нова подружница. Целта е Сони да почне да заработува по речиси една деценија на загуби. Хираи верува дека тоа може да се постигне преку рационализација на бизнисот на компанијата. Оваа мерка ќе овозможи фокусирање врз зголемувањето на најпрофитабилните дивизии, имено ПлејСтејшн и бизнисот со сензори за камери (компонентите широко користени во уреди како ајФон).
Што се однесува до смартфон делот на Сони, Хираи изјави пред инвеститорите дека или ќе го одвои и овој бизнис, или ќе го продаде. Тој исто така вели дека медиумите ќе бидат еден од трите најголеми приоритети на компанијата, заедно со играчките конзоли и сензорите за камерите. Телевизорите и смартфоните ќе останат пониско приоритетни. Хираи верува дека овие драстични промени ќе помогнат на компанијата да достигне профит до крајот на 2018 година.