Ќе биде бесплатна: Руската вакцина ќе пристигне во февруари во Република Српска

од Берта Китинска
289 прегледи

Република Српска ја очекува првата серија од 200.000 дози на руската вакцина „Спутник “ против коронавирусот во февруари, изјави министерот за здравство и социјална помош, Ален Шераниќ.

Шераниќ рече дека Владата, преку претставништвото на Република Српска во Москва, и со учество на овластен дистрибутер, започнала активности за испорака на вакцината од Русија до Република Српска, и тој процес е во завршна фаза, пренесува Срна.

Тој посочи дека вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните на Република Српска. Според планот за вакцинација, во првата фаза вакцините ќе бидат дадени на здравствени работници, потоа на жители на старечки домови, граѓани постари од 65 години .

Слични содржини