253
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави зголемување на платите за здравствените работници, вработените во јавниот сектор, но и дополнителни подароци за пензионерите.
Oд 1 јануари следната година здравствените работници ќе добијат зголемување на платата за 5 проценти, додека другите сектори ќе имаат раст од 3,5 проценти на платата од април месец.
Тој исто така изјави дека во соработка со премиерот и министерот за финансии „ќе ги изненадат пензионерите, со мал подарок“, рече Вучиќ.
Вучиќ исто така рече дека Србија нема проблеми со ликвидноста.
“Во овој момент, имаме 219,5 милијарди динари на сметката, има толку многу пари во трезорот. Немаме проблеми со ликвидноста”, рече Вучиќ.