214
Американскиот претседател Џозеф Бајден вети денеска дека ќе го искористи правото на вето за заштита на правата на жените доколку републиканците освојат мнозинство во Конгресот на изборите следниот месец и усвојат закон за забрана на абортусот низ САД, објави Ројтерс.
Британската новинска агенција пренесува дека демократите на Бајден би можеле да го загубат мнозинството во Претставничкиот дом, а можеби и во Сенатот на среднорочните избори.