Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во одделни телефонски разговори со шефот на палестинската национална управа Махмуд Абас и шефот на политичкото биро на движењето Хамас, Исмаил Хани, рече дека ќе стори се што е во негова моќ да го мобилизира целиот свет, особено исламскиот, и да го запре „теророт“ на Израел против Палестинците.
– Проценувајќи ги израелските напади во Ерусалим како терор, ја изразив (во разговор со палестинските лидери) мојата остра осуда за овие подмолни напади што ја нарушуваат совеста, не само на муслиманите, туку и на целото човештво. Нагласив дека ќе сториме сè за да го мобилизираме целиот свет, особено исламскиот, да го сопреме теророт и окупацијата – напиша Ердоган на „Телеграм“.
Тој додаде дека „Турција секогаш ќе биде на страната на Палестинците, ќе застане покрај своите палестински браќа и ќе заштити дел од Ерусалим“.
Претходно, израелската армија донесе одлука за зголемување на присуството на границата со Појасот Газа, бидејќи неодамна продолжи ракетирањето од енклавата на територијата на Израел.
Покрај тоа, конфликтите во источен Ерусалим траат веќе неколку дена. Според податоците на Црвената полумесечина во Ерусалим, само минатата ноќ, 80 лица биле повредени во конфликтот меѓу Палестинците и израелската полиција.