ЌЕ ИМА 30 ПУНКТА: Масовната имунизација ќе се спроведе во салата „Борис Трајковски“

од Берта Китинска

Во среда започнува имунизацијата со АстраЗаенека, а во тек се подготовките за масовно вакцинирање во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе има 30 позиции, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Ќе има триесетина позиции на кои вработени лекари и сестри од здравствениот дом ќе ја спроведуваат вакцинацијата, а очекуваме да стигнат и дополнителните вакцини од Кина. Според најавите од кинеската амбасада се работи интензивно во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт“, додаде Филипче

Првите 20.000 граѓани кои ќе бидат имунизирани со АстраЗенека се хронично болните и лица над 75-годишна возраст, како ризична група.

Министерот кажа дека во април се очекуваат вакцини од повеќе места.

Слични содржини