Ќе има зголемување на платите после Нова година

од Берта Китинска
320 прегледи

Минималната плата ќе се зголеми на 18.000 денари, после Нова година, информираше Министерот за економија, Крешник Бектеши  „Топ тема“.

-Платите не стојат. Во 2016 година просечната беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на платите имаме и во образованието, здравството, приватниот сектор. Само мининалната плата е зголемена за 100 отсто за четири години, колку што не е направено со години наназад, рече Бектеши.

Тој напомене адека нивото на невработеност е помало од 16%.

-Во 2017 беше 24%. Минималната плата од 9 се искачи на 15,200 денари и ова е од кога сум јас министер за економија, рече Бектеши.

Слични содржини