Претседателот на САД, Џо Бајден, на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „ќе му недостасува“.
Меркел, да потсетиме, ја напушта функцијата германски канцелар.
„Знам дека партнерството меѓу Германија и Соединетите Држави дури и ќе се зајакне врз основа на тоа што вие го изградивте. Сепак, морам да ви кажам дека ќе ми недостигате на нашите самити. Навистина“, рече Бајден на Меркел, пренесе германски „Билд“.
Инаку, Меркел беше првиот европски државник кој му честиташе на Бајден на инаугурацијата на 20 јануари.
Таа во моментов е во проштална посета, до која дојде за да го означи новиот почеток на германско-американските односи.
Тоа е воедно и нејзина последна официјална посета на САД, пред да го напушти кабинетот по изборите што ќе се одржат во Германија на 26 септември.
Меркел е првата жена што ја извршуваше функцијата канцелар на Германија.
Pres. Biden pays tribute to German Chancellor Angela Merkel: "On a personal note, I must tell you: I'll miss seeing you at our summits. I truly will. So thank you, again, Angela…for your friendship." https://t.co/dFbuOlQYha pic.twitter.com/AnLHIuOF7m
— Brought to You (@Brought_to_You) July 16, 2021