ЌЕ МОРА ДА ОДМОРА: Лекарите ја советувале кралицата Елизабета да избегнува напорна работа

од Nikola Popovski
459 прегледи

На британската кралица Елизабета и препорачале да одмора најмалку во следните две недели, да избегнува официјални посети и во тоа време да врши само лесни задолженија во својата работна соба, соопштија денеска претставници на палатата.

Кралицата Елизабета (95) нема да присуствува на фестивалот на сеќавање закажан за 13 ноември, но има цврста намера да биде присутна на националната служба за сеќавање на воените ветерани на 14 ноември, додаваат од палатата, објави Ројтерс.

Таа ја помина ноќта во болница минатата недела поради неодредена болест која не е поврзана со Ковид-19.

Тоа беше првата ноќ што кралицата Елизабета ја помина во болница во последните неколку години.

Кралицата требаше да присуствува на вечерниот прием следниот понеделник на конференцијата COP26 во Глазгов, но наместо тоа ќе биде пренесена снимена порака до светските лидери.

Слични содржини