Ќе примам трета доза на вакцина, вели Вучиќ

од Берта Китинска
305 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека ќе ја прими третата доза на  вакцина против коронавирус и додаде дека верува дека лекарите ќе донесе одлука третата доза да ја добие секој што бил вакциниран пред повеќе од шест месеци,

„Чекам да кажат дали советот е да се прими друга или иста вакцина, ако нема таков совет, јас ќе ја примам истата, но тоа е прашање на избор на луѓето“ изјави Вучиќ гостувајќи синоќа на нишката ТВ Белами.

Тој потсети дека бил вакциниран и ревакциниран со кинеската вакцина. Вучиќ изјави дека луѓето кои ја примиле вакцината пред шест месеци веќе не се толку отпорни и можат полесно да се заразат и да се разболат и затоа е потребна трета доза.

Слични содржини