Ќе се имплементира Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт

од Vladimir Zorba
219 прегледи

На денешната седница на Владата се разговараше и беше прифатена Информацијата за потпишување на Заедничката декларација од страна на Северна Македонија за имплементација на Агендата за Западен Балкан за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт, при што беше прифатен текстот на Декларацијата и беше донесено овластување, министерките за образование и наука Мила Царовска и за култура Ирена Стефоска да ја потпишат.

Со потпишување на овој документ се прифаќа помошта што ја нуди Европската Унија за економски раст, нови работни места и имплементација на реформи потребни за поддршка на регионот за Европска перспектива и интензивирање на заложбата на сите нивоа за трансформација на политички, економски и социјален план.

Агендата ќе придонесе за социјален и економски развој и регионална соработка, врз основа на целосна поддршка од страна на Европската Унија за брз рестарт на економијата во регионот во процесот на пристапување кон ЕУ, врз основа на воспоставениот амбициозен Економски и Инвестициски План од страна на Европската комисија, за регионот, за поддршка на заедничката зелена и дигитална транзиција, со предлог за издвојување на 9 милијарди евра од ИПА 3 за периодот 2021-2027, вклучувајќи ја гаранцијата за Западен Балкан со амбиција потенцијално да се зголемат вложувањата до износ од 20 милијарди евра.