Ќе се наградуваат ли вакцинираните лица во С.Македонија?

од Берта Китинска
371 прегледи

Во однос на прашањето дали се планира да се направат одредени кампањи за вакцинирање или да се доделуваат одредени награди за вакцинираните по принципот на другите држави, министерот за здравство Венко Филипче рече дека нема потреба за никаква форма на награда, бидејќи има добар интерес за вакцинација.

– Мислам дека нема потреба за награда, има 130.000 пријавени за вакцинација и тоа е добар знак. Има добар интерес, а наскоро ќе започнат нови кампањи за поттикнување на вакцинацијата. Дел од кампањите почнаа, дел дополнително ќе започнат и преку Владата и Министерството, и сметам дека за сега одзивот и интересот е навистина добар. Има кампања која сега е активна, што ја започнавме со УНИЦЕФ, другите започнуваат во следниот период. Има видеа кои се снимени со здравствени работници, кои укажуваат на безбедноста на процесот на имунизација, што значи постигнување на колективен имунитет, рече Филипче.

Министерот  кажа дека досега околу 110.000 граѓани се вакцинирани, а 23.000 од нив се ревакцинирани.

Слични содржини