Општина Центар донесе решение со кое му наложи на инвеститорот да ја отстрани челична конструкција обложена со стакло со димензии 10 x 11 метри, пред деловниот простор на гостилница „Аманет“, за која општинскиот овластен градежен инспектор констатира дека не поседува решение за поставување.
„Би сакал да ја информирам јавноста дека градежниот инспекторат на Општина Центар, постапувајќи по службена должност, констатираше дека инвеститорот ДПТУ Примес КО Дооел, со седиште на ул. Павел Шатев бр.2, не поседува Решение за поставување урбана опрема, односно, челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10м x 11м, пред деловниот објект на гостилницата „Аманет”.