Ќе се отстранува навредливата содржина за Албанците во учебникот по географија

од Берта Китинска
296 прегледи

Сите неправилности и неправди во сите учебници треба да бидат прегледани и исправени, почнувајќи веднаш од учебникот по географија за втора година средно образование,  било договорено на денешната средба првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за образование Мила Царовска и поранешниот министер Арбер Адеми.

Од кабинетот на Груби соопштија дека во случајот со овој учебник, но и со другите, ќе се примени членот 26 став 2 од Законот за учебниците.

„Овој дел од законот наведува дека учебниците се повлекуваат од употреба доколку содржат материјали што ги навредуваат историјата, културата и вредностите на сите граѓани на Република Северна Македонија“, стои во известувањето.

Во рамките на оваа одлука, во периодот што следува ќе бидат разгледани сите учебници со цел да се стави крај на овие појави, односно недоследностите во учебниците.

Слични содржини