Ќе се снима серија за почетоците пред „Игра на тронови“

од desk4
319 прегледи

Продукцијата Ејч-би-о потврди дека е почнато снимање на 10 епизоди од спин-офот на „Игра на тронови“ (Game of Thrones), дејство временски сместено пред приказната која ни е позната од мегапопуларната серија.

Новиот проект носи наслов „Куќа на змејот“ (House of the Dragon) и се случува 300 години пред дејството во „Игра на тронови“. Сценариото се базира на книгата на Џ.Р.Р. Мартин, „Оган и крв“ и раскажува приказна за куќата Таргаријан.

Од актерските имиња засега е познато дека ќе глуми Наоми Вотс. Од Ејч-би-о уште не потврдиле кога ќе почне оваа серија да се емитува, но веројатно за почеток ќе биде достапна само за корисниците на нивниот стрим-сервис.

Слични содржини