КЕЈЏ ДОБИ ДЕТЕ НА 58 ГОДИНИ! Неговата 30 години ПОМЛАДА сопруга роди девојче

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Николас Кејџ (58) и неговата сопруга Рико Шибата (27) вчера го добија своето прво заедничко дете, ќерка која ја нарекоа Август Франческа Копола Кејџ. Пораѓањето се случило во болница во Лос Анџелес.

„Николас и Рико со задоволство го пречекуваат своето девојче. Мама и бебето се добро“, изјави портпаролот на актерот за People..

Актерот е во брак со Рико од минатата година. Зад себе има четири брака, а покрај ќерката има и два сина – Вестон и Кал-Ел.