Познатата актерка Кејт Бекинсејл привлекува внимание каде и да се појави. Во медиумите нејзиното име најчесто се споменуваше кога станува збор за предизвикувачки стајлинзи, но и за врски со многу помлади мажи.
Сепак, таа не обрнуваше многу внимание на различните написи за нејзиниот живот, а сега вниманието го привлече со својот необичен стајлинг.
Имено, Кејт присуствуваше на хуманитарна свеченост во Венеција, а со изданието во кое се појави ги остави сите без здив.
Таа носеше златно трико, а над него имаше проѕирна црна наметка со златни детали. Сè заокружи со големи златни обетки, а нејзината коса беше собрана во висок реп.
Сепак, многу луѓе не го тргаа погледот од нозете на актерката, бидејќи носеше големи потпетици со огромна платформа, а многумина коментираа дека не разбираат како Кејт воопшто оди во нив.