286
Дали знаевте дека актерката Кејт Хадсон глуми во филмот „Сам дома 2“? Кога имала 12 години добила мала улога во култниот божиќен филм, а од истата заработува и денес.
Во една од почетните сцени на филмот, во која Калкин ја повтори својата улога како Кевин Мекалистер, Хадсон се појавува како член на детски хор.
„Сè уште добивам плата за пеење на дел од рефренот. Одвреме-навреме добивам чек во износ од 10 центи“, рече таа во подкастот „Сибинг Ривалство“.
Тоа е прилично блага сума за една холивудска ѕвезда чие богатство се проценува на 80 милиони долари.
Актерката е ќерка на Голди Халн и Бил Хадсон. Таа неодамна го објави синглот „Talk About Love“, кој го напиша со нејзиниот вереник.