Кејт Хадсон позираше топлес: Реакцијата на нејзиниот брат стана хит (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
396 прегледи

Холивудската актерка Кејт Хадсон ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи со фотографија на која позира топлес додека пие кафе.

Хадсон позираше топлес без шминка и на фотографијата напиша: „Сонцето излезе“.

Нејзините обожаватели беа воодушевени од објавата на актерката, но нејзиниот брат, исто така актер Оливер Хадсон, само искоментира: „Не“.

Неговиот коментар предизвика бројни реакции. Некои се смееја на реакцијата на Оливер на фотографијата на неговата сестра, а други го критикуваа.

„Еј брат, не си слушнал…нејзиното тело – нејзин избор“, „Да, и жените треба да се чувствуваат убаво“, „Упс, зарем не знаеше дека има гради“, „Всушност брат ова не треба ни да го коментираш“, „Мислам дека си надгласан“, се само дел од одговорите на коментарот на братот на Кејт Хадсон.

Кејт претходно многу пати зборуваше за односот со нејзиниот брат и нагласи дека се многу блиски.

Слични содржини