Иако односите во кралското семејство се затегнати веќе некое време, според извор од дворот, Кејт Мидлтон (39) и Меган Маркл (40) изгледаат поблиски од кога било, а извор за американските медиуми откри дека тие, исто така, разговараат за меѓусебна соработка.
– Меган и Кејт всушност многу добро се сложуваат и се во чест контакт. Меган разговараше со неа за соработка на проект за „Нетфликс“ – откри извор.
Тоа е документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и нејзиното влијание што го остави со филантропија.
Како што додаде изворот, Кејт наводно е воодушевена и поласкана од понудата и верува дека нивната соработка е првиот чекор кон градење подобри односи со Меган.
Да потсетиме, Меган и принцот Хари потпишаа повеќегодишен договор со „Нетфликс“ минатата година и се согласија да произведат ексклузивни содржини, документарни филмови, емисии, играни филмови и програми за деца и возрасни.