Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се сетија на покојната кралица Елизабета Втора.
На денешен ден минатата година почина кралицата Елизабета Втора во 15 часот и 10 минути, според нејзината потврда за смртта.
Светот се сеќава на најдолговечниот британски монарх, а исто така и нејзиното семејство. На официјалниот Инстаграм профил на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се појавија фотографии на кралицата, меѓу кои и досега невидена.
На неа кралицата Елизабета Втора позира со сите нејзини правнуци, а меѓу нив секако беа и децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„Денес се сеќаваме на неверојатниот живот и наследството на кралицата Елизабета Втора. На сите ни недостасуваш“, напишаа Вилијам и Кејт.
На официјалниот Твитер на кралското семејство се појави објава со снимен говор на кралот Чарлс, нејзиниот син и фотографија од кралицата.
In marking the first anniversary of Her late Majesty’s death and my Accession, we recall with great affection her long life, devoted service and all she meant to so many of us.
I am deeply grateful, too, for the love and support that has been shown to my wife and myself during… pic.twitter.com/NfM6LDWTA0
— The Royal Family (@RoyalFamily) September 7, 2023
„Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на нејзиното височество и моето застанување на престолот, со голема љубов се сеќаваме на нејзиниот долг живот, посветена служба и на сето она што таа значеше за многумина од нас. Исто така, длабоко сум благодарен за љубовта и поддршката што ја покажавте кон мојата сопруга и мене во оваа година, во која даваме се од себе за да им служиме на сите“, рече кралот.
Фотографијата што ја објавија од кралицата е направена кога таа имала 42 години. Фотографијата е направена од Сесил Битон во 1968 година и била избрана лично од кралот за да ја одбележи годишнината.