Принцот Вилијам и неговото семејство зачекорија заедно на црвениот тепих во Лондон за прв пат на божиќен настан што се одржа во театарот „Паладиум“ во знак на благодарност до целиот персонал за нивната работа и напор за време на пандемијата на коронавирус.
Заедно со неговата сопруга, војвотката Кејт Мидлтон и нивните три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, дојдоа на традиционална пантомимска претстава во историскиот театар во областа „Сохо“. Посебно внимание привлече принцезата со веќе познатиот израз на лицето за време на ваквите појави – малку намуртена, но сепак премногу симпатична.
„Дадовте апсолутно се оваа година и направивте неверојатна жртва“, им рече Вилијам на присутните припадници на медицинската служба, наставниците, работниците од првите редови, научниците и нивните семејства кои седеа во театарската публика.
Затоа, тие одлучија да го одбележат крајот на тридневната турнеја со воз за време на која ги посетија Велс и Шкотска на почетокот на оваа недела, каде наместо божиќниот дух и радоста ги обзеде студен пречек од претставници на регионите.
Велшки официјален претставник рече дека повеќе би сакал некој да не ги посетува непотребно за време на пандемија, според Асошиејтед Прес.
Да потсетиме, за време на борбата против коронавирусот во Велика Британија, повеќе од 61 илјади луѓе починаа, поради што тие се меѓу првите по бројот на смртни случаи во Европа.