Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не присуствуваа на големата велигденска служба на која секоја година одат сите активни членови на кралското семејство. Оваа година се појавија кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Ендру, Сара Фергусон, принцезата Ана, Тимоти Лоренс, принцот Едвард и војвотката Софи. Кејт и Вилијам го прекршија протоколот, можеби за прв пат, и донесоа одлука да го поминат одморот со децата додека Кејт закрепнува од хемотерапијата што ја прима поради неодамна дијагностициран рак.
Овој потег не остана незабележан од обожавателите на кралското семејство, кои ги пофалија Кејт Мидлтон и Вилијам што направија се за да го зачуваат нивното семејство безбедно, и покрај сите проблеми со кои се соочуваат.
Покрај тоа, принцот Вилијам, според многу коментари, донел одлука цврсто да застане покрај сопругата и со тоа ја воодушеви јавноста. Ова е првпат престолонаследникот да ги запостави службените обврски, се со цел на семејството да му овозможи мирен Велигден.
Семејството го предводеше кралот
И покрај тоа што и самиот боледува од рак, британскиот крал Чарлс го предводел семејството во замокот Виндзор на неделна служба со кралицата Камила.
Ова е најважното појавување за кралот Чарлс откако во февруари му беше дијагностициран рак. На богослужбата во замокот Виндзор, каде Чарлс беше со кралицата Камила, традиционално присуствува целото кралско семејство, но тоа не беше случај годинава.
Освен Кејт и Вилијам, не се појавија други важни членови на семејството.
Од службата отсуствувале и помладиот брат на Вилијам, Хари и неговото семејство, кои живеат во Калифорнија.