307
Принцезата Кејт Мидлтон наводно била видена надвор од Виндзор со Вилијам.
Како што пишуваат британските медиуми, Кејт Мидлтон отишла во продавница во друштво на принцот Вилијам.
Наводно, како што пишува изворот изгледала среќно, здраво и опуштено.
„По сите гласини што се вртеа наоколу, бев изненаден што ги видов таму. Кејт беше во шопинг со Вилијам и изгледаа среќни и изгледаше добро“, изјавила личност која ги видела, според „Сан“
За овој настан нема фотографии, поради приватноста на принцезата од Велс, но оваа вест секако е охрабрување за британската јавност, која со денови се интересира за состојбата на идната кралица.